Брајтон покажа сила против шампионот!

105

Вечерва во меч од 37.коло во Премиерлигата, Брајтон на свој терен со 3:2 успеа да го победи Ливерпул, новиот шампион. Треба веднаш да се каже дека во составот на “Редси“недостигаа неколкумина стандардни протимци, но пак тука беа Салах, Гакпо, Собослаи, Конате, Алисон.

Во супер интересен меч, Елиот уште во 9.минута успеа да му донесе водство на Ливерпул. Се играше 32.минута кога Ајари донесе радост кај домашните фанови, кога стрелаше за 1:1.

Во судиското продолжение од првото полувреме, Собослаи ја затресе домашната мрежа за ново водство на гостите од Ливерпул.

И тогаш во второто полувреме пресврт. Со головите на Митома во 69.минута и Хиншелвуд во 85.минута домашниот состав на Брајтон дојде до победа од 3:2.

ФОТО: ФЦ Брајтон/ФБ

ПретходноЛеверкузен со порака: Ти благодариме, Чаби! (ФОТО)
СледноТер – Штеген бил “кртот“ во соблекувалната на Барса?!