Зарем е можно и на Сити некој да му е прескап? Пеп се откажа од ангажман на Вирц!

1

Неверојатно. Зарем е можно и на Манчестер Сити некој играч да му е прескап, за да не може да си дозволи да го ангажира? Ете, и тоа се случи.

Како што пренесуваат медиумите на Островот и во Германија, Пеп Гвардиола и Манчестер Сити и дефинитивно се откажале од ангажман на Флоријан Вирц, веројатно најдобриот германски фудбалер во моментов.

Се прнесува дека играчот за врска на Леверкузен би го чинел клубот од „Итихад“ неверојатни 300 милиони евра, па затоа “граѓаните“ се откажале од трката за потписот на Флоријан Вирц и дека ќе се свртат кон други имиња.

ФОТО: ФЦ Леверкузен/ФБ

ПретходноТФТ со селфи и метла го прослави пласманот во финале