Имаше ли Денвер тим за титула: Јокиќ вели НЕ, Мареј – ДА

190
фото: Denver Nuggets (X)

Кошаркарите на Денвер синоќа беа елиминирани од Оклахома во конференциското полуфинале од НБА плеј-офот. Двајцата најдобри кошаркари кај Нагетс, Јокиќ и Мареј, имаа различно мислење околу квалитетот на играчкиот кадар со кој сезонава располагаше тимот. На прашањето дали со овој состав Денвер може да биде шампион, Никола Јокиќ вели НЕ, додека Мареј има позитивен став.

„Не победивме, па очигледно не можеме. Да можевме, ќе победевме. Не верувам во овие наши можности. Не ги искористивме, па не мислам дека можеме“, рече Јокиќ.

За разлика од него Мареј имаше поинаков став.

„100% можеме. Денес едноставно немавме доволно сили и среќа. Ќе се вратиме да се подготвуваме за следната сезона“, рече Мареј.

ПретходноМицов и Хусеиновиќ не ги минаа квалификациите на Македонија Опен
СледноГатузо: Му должам извинување на Трајковски бидејќи не играше повеќе