Промена во термините: Мечевите кои ќе решаваат за титулата во Серија А се закажани за во петок!

121

Иако требаше цело последно коло да се игра во недела од 15 часот, сепак денеска раководството на Серија А се одлучи за промена во однос на термините на оние средби кои решаваат за титулата. Јасно е дека Наполи и Интер се во игра, но ако овие два тим завршат со ист број на бодови тогаш мора да се игра “мајсторка“, а се знае дека на 31 мај Интер го чека и финале во ЛШ со ПСЖ. Таа “мајсторка“ би се играла на 26 мај (понеделник).

Па така средбите од последното коло Наполи – Каљари и Комо – Интер се играат во петок од 20:45 часот. Во случај на победа на Наполи тогаш тимот на Конте е шампион. Ако биде нерешено во Неапол а Интер победи во Комо тогаш тимот на Инзаги ќе биде шампион. Мајсторка би се играла само ако Наполи дома биде поразен а Интер одигра нерешено со Комо на гости, тогаш и двата тима би имале ист број бодови.

На коло пред крајот Наполи е прв со 79 бода, Интер е втор со 78 бодови.

Интересно што и двата тренери, Конте и Инзаги нема да бидат на клупите на своите екипи во петок поради суспензија.

ПретходноКоментар на 33.коло: Под Шара се славеше титула
СледноУтре во ФФМ е ждрепката за баражите за пласман во ВМФЛ!