Македонските тенисери ги завршија настапите во квалификациите на силниот челинџер турнир во Скопје, Македонија Опен, откако вчера во дуелите од првата квалификациска рунда и Стефан Мицов и Амар Хусеиновиќ беа поразени.
Мицов за 1 час и 36 минути го загуби мечот со Жерар Кампана Ли од Кореја со 2-0 во сетови (6:4, 6:4). Најмладиот македонски тенисер Амар Хусеиновиќ исто така беше поразен во два сета со 6:2, 6:3 во дуелот со Нермин Фатиќ.
Од македонските тенисери на главниот турнир настап во вторник ќе има Калин Ивановски, а македонски претставници ќе имаме и во конкуренција на двојки. Турнирот официјално почнува во вторник со мечевите од 1. коло.