Од ТФТ порачуваат: Ако бидеме шампиони, тогаш со сите сили ќе се бориме да играме во АБА лигата!

125

ТФТ за првпат во својата клупска историја е пред голем предизвик. Клубот од скопско Тафталиџе, во четврток ќе го одигра првиот меч од финалето во плеј – офот во нашата кошаркарска елитна лига. ТФТ ќе му гостува на МЗТ Скопје, и со тоа ќе се означи старт на финалната серија меѓу двата тима кои дојдоа до завршницата, до битката за титулата. Ова ќе биде и двобој меѓу екипите кои оваа сезона покажаа најмногу и како такви во целост заслужуваат да бијат битка за трофејот.

Треба да се потсетиме дека ако некој клуб знае како треба против МЗТ Скопје, кој реално можеби е фаворит на хартија, тогаш тоа е тимот на ТФТ кој во 2022 година го победи тимот од Аеродром во финалето на Купот на Македонија и го освои својот прв клупски трофеј во својата историја.

ТФТ е подготвен за ова финале, просто го збриша Работнички со 3:0 во полуфиналната серија, а пред стартот на финалето против МЗТ Скопје, тие имаат порака до јавноста:

Максимално сме подготвени, играме со актуелниот шампион. Секоја чест за МЗТ Скопје, но и ние си имаме свои планови и амбиции во оваа финална серија. Кога сме веќе тука не криеме дека сакаме да победиме. Инаку ако станеме шампиони, ако ја освоиме титулата тогаш со сите сили како клуб ќе се бориме во следната сезона да се најдеме во друштво на најдобрите клубови од регионот, односно ќе се бориме да заиграме и во АБА лигата“ велат од ТФТ.

ПретходноСоопштение на ФК Пелистер: Убедени сме дека клубот оди во вистински правец!
СледноКоментар на 33.коло: Под Шара се славеше титула