Па има ли поубав подарок за 18-тиот роденден: “Десетката“ на Меси и откупна клаузула од милијарда евра! (ФОТО)

373

Како што Хоан Лапорта и самиот кажа, се е договорено со Ламине Јамал и неговиот менаџер за потпис на договор со Барселона, останува само да се закаже адекватен термин кога тоа би се направило.

А веројатно се чека 13 јули кога Јамал полни 18 години, кога ќе стане полнолетен. Со тој потпис и нов договор, и сега веќе еден од најдобрите фудбалери во светот во моментов, ако не и најдобар, ќе биде еден од најплатените играчи на Барса, а неговата откупна клаузула ќе биде милијарда евра. Јасно е дека Лапорта и Барселона не сакаат ништо да ризикуваат.

Инаку Лапорта и Барса имаат намера на Јамал да му ја дадат и култната “десетка“, онаа која Меси ја носеше кога играше во Барса а пред него и уште многу, многу други мега – ѕвезди на светскиот фудбал.

ФОТО: ФЦ Барселона/ФБ

ПретходноЛеклер после трката во Имола со автомобил вреден 800.000 евра, си купи сендвичи во драјв-ин ресторан! (ВИДЕО)
СледноЛеверкузен со порака: Ти благодариме, Чаби! (ФОТО)