Работнички ќе ја претставува Македонија во младинската лига на шампиони! (ФОТО)

135

Младинците на Работнички У-19 и официјално се шампиони на Македонија во својата конкуренција, па така овој тим ќе ја претставува нашата земја во младинската лига на шампионите. Се разбира дека ова е голем успех за овој клуб кој по првпат ќе се натпреварува во оваа конкуренција во фудбалска Европа.

Инаку ждрепката за 1.квалификациско коло ќе се одржи на крајот на август а мечевите ќе се играат во септември.May be an image of 5 people and text

Треба да се минат три кола за да се дојде до двомечи со гиганти, за да се дојде до завршната фаза во младинската лига на шампионите. Како што рековме ова е прво учество на Работнички, а досега Македонија ја претставувале младинските екипи на Вардар, Шкендија, Победа, Брера.

ПретходноЗарем е можно и на Сити некој да му е прескап? Пеп се откажа од ангажман на Вирц!
СледноФОТО НА КОЛОТО: Еве како Брера го прослави опстанокот во елитата!