ТИМ И ИГРАЧ НА 33.КОЛО: Марко со два гола и ја “честиташе“ титулата на Шкендија

100

Тетовци наместо со победа за крај, за славје за новата петта титула,доживеаја пораз од Силекс и тоа со 1:3 и тоа по заслуга на феноменалниот Марко Ѓорѓиевски, кој убаво и ја “честиташе“ титулата на Шкендија.

Со тие два гола Марко стана и најдобар стрелец во сезоната, која штотуку заврши, со 15 голови, поточно го подели подиумот со Бесарт Ибраими од Шкендија. Ова беше негов последен меч за Силекс, како што и самиот најави сега пред него се нови предизвици.

Јасно е дека Ѓорѓиевски е играч на колото, последно во сезоната 2024/25. Покрај него во идеалниот тим според „СпортСпорт“ се и Џеков, Брауновиќ и Анѓелески (Силекс), Велков и Ндзенгуе (Брера), Љамалари, Алими и Селмани (Беса), Миловановиќ (Тиквеш) и Малески (Струга ТЛ).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

МАРКО ЃОРЃИЕВСКИ

Тим: Силекс

Роден: 18.04.2000 во Скопје

Кариера: Вардар, Борец, Вождовац, Раднички Пирот, Шкупи, Брера, Силекс

ПретходноСити ќе купува десен бек од Бразил
СледноФлик: Следната година одговорноста ќе биде уште поголема