Како што информираат од ФФМ, утре во 12 часот во просториите на Фудбалската федерација на Македонија ќе се одржи ждрепката или извлекувањето за баражите за пласман во ВМФЛ.
Познато е дека во шеширот ќе се најдат шест екипи, а победниците од трите меча ќе изборат пласман во ВМФЛ. Во шеширот се Осогово, кој досега беше вторлигаш, како и третолигашите Преспа, Г. Коњари, Тетекс, Шкендија Арачиново, Слога Виница.
Трите бараж натпревари се закажани за во саборта (24 мај) со почеток од 17 часот.
Утре исто така ќе се одржи состанок со екипите кои ќе играат и во бараж мечот за влез во ПМФЛ, овој натпревар ќе се игра во недела (25 мај) со почеток во 17 часот. На овој состанок ќе знаат и на кои стадиони ќе се играат сите овие баражи.