Флик: Следната година одговорноста ќе биде уште поголема

74

Иако тимот на Барселона загуби за прв пат од декември наваму, сепак, сега веќе актуечниот нов шампион на Шпанија не треба да е премногу загрижен поради тоа.

Викендов Виљареал го изненади тимот на Барселона со триумф од 2:3, но сепак, мора да се признае дека играчите на Барса претходно веќе ја прославија титулата.

Тренерот на Барселона пак, Ханси Флик исто така застана во одрана на својот состав.

„Немам проблем со овој пораз. Денес е време за славење. Тимот, играчите, тие завршија неверојатна работа во последните пет месеци. Никогаш не барам изговори, но игравме во четврток, славевме во четврток навечер, а исто така и во петок. Сепак, сум задоволен од начинот на кој игравме. Имавме шанси за победа. Но, денес најважно е што играчите и навивачите се горди на она што го постигнаа во текот на оваа фантастична сезона“, рече Флик.

ГЕрманецот истакна дека ова е само почеток на неговиот мандат на Ноу Камп и дека следуваат уште многу предизвици.

„Ги видов среќните лица на навивачите на парадата, а исто така и некои луѓе кои плачеа од радост. Тоа е одлична работа, но е и одговорност за следната година. Токму го започнавме нашето патување. Следната сезона треба да подобриме многу работи, но знам дека имаме потенцијал да го направиме тоа. Ќе работиме напорно од почетокот на сезоната. Тоа е она што можам да им го кажам на навивачите. Истото како и оваа година. Никогаш не се откажувајте. Секогаш се обидуваме да победиме на секој натпревар. Тоа е ставот, менталитетот“, додаде Германецот.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 33.КОЛО: Марко со два гола и ја “честиташе“ титулата на Шкендија
СледноСтојчевски на центарот, Новак Симoвиќ во ВАР собата