Пред неколку недели, односно на неколку кола до крајот, ретко кој помислуваше дека Брера сепак ќе успее да избори директен опстанок. На тимот на му одеше, поразите се редеа, но сепак во финишот на сезоната, која во саботата и дефинитивно заврши, прволигашот од Струмица се надмина себе си и со победата над Работнички од 3:2, успеа избори директен опстанок.
И по завршување на таа последна средба, се знае дека е време за славење. А тоа струмичани го направија во еден од рестораните во својот град, како што и доликува кога ќе се оствари ваков успех.