Церемонијата на доделувањето на „Златната топка“ е закажана за 22 септември! (ФОТО)

45

Како што денеска е објавено, Л`Екип и Франс фудбал потврдија дека доделување на годинешната „Златна топка“ е закажана за 22 септември и тоа, како што е вообичаено, во театарот „Шателе“ во Париз. Ова по малку ќе биде и историски настан, имено сите трофеио што се доделуваат кај мажите, ќе се доделуват и кај жените.

Системот на гласање ќе биде ист, 100 новинари ќе гласаат за мажите, а 50 кај жените.

Номинациите ќе се знаат при крајот на август, иако уште отсега се знае дека главни фаворити за освојување на најпрестижната награда во светот на фудбалот во поединечна конкуренција, се Ламине Јамал, Рафиња, Мохамед Салах, Осман Дембеле, Лаутаро Мартинез…

Од друга страна има промена во однос на бодувањето и гласањето. Сега во преден план ќе бидат индивидуалните достигнувања и форма, а помалку важно ќе биде што има освоено твојот клуб или репрезентација.

ПретходноУтре во ФФМ е ждрепката за баражите за пласман во ВМФЛ!
СледноНеверојатно: Младите ракометари на Пелистер Ф4 на ЛШ ќе играат во 9 часот!