Ѓуровски и Најдоски членови на собранието на ФК Црвена Звезда

113

Изминатата недела се изврши гласање по повод новиот состав на собранието на Фудбалскиот клуб Црвена Звезда. Полнолетните гласачи, имаа можност да ги одберат претставниците во највисокиот орган на клубот, а она што нас не засега е фактот што во 36. члена, има и две наши легенди.

Тоа се поранешниот наш селектор, Бошко Ѓуровски, како и капитенот на легендарната генерација на Црвена Звезда, Илија Најдоски.

Во медиа центарот на стадионот Рајко Митиќ беше извршено гласањето, а од 666 гласачки ливчиња 26 биле неважечки. Останатите членови гласале електронски.

ФОТО: CRVENA ZVEZDA

ПретходноАјакс ќе одигра на сигурно, ќе го враќа Ерик Тен Хаг!?
СледноТФТ со селфи и метла го прослави пласманот во финале