Јокиќ и Денвер декласирани: Оклахома убедливо ја доби “мајсторката“ и се пласира во финалето на западот!

44

Се очекуваше вистинска “мајсторка“, голема битка за победа во решавачкиот меч меѓу Оклахома и Денвер, во полуфиналето од плеј – офот на западот, но ништо од тоа. Домашниот состав просто ги декласира Јокиќ и Нагетси и тоа со 125:93 и успеа да ја добие оваа серија со 4:3 со што си обезбеди пласман во финалето каде што е веќе составот на Минесота.

Инаку Денвер одлично го почнаа мечот, Јокиќ и другарите доминираа во првиот период, имаа и плус 12 поени разлика, кој го добија со 26:21.

А потоа дојде на ред втората четвртина која беше повеќе од катастрофална за гостите. Успеаја да постигнат 20 поени, но примија дури 39 и тука беше крајот на сите надежи на Јокиќ и Денвер дека ќе ја избегнат елиминацијата и дека вечерва за нив е крај во плеј – офот сезонава во НБА.

Навистина неверојатно, кога требаше најмногу Нагетси во целост потфрлија.

На крај да кажеме дека кај победничкиот состав очекувано најдобар беше Шеј Гилџис – Александер со 35 поени, додека кај гостите Јокиќ успеа да дојде до 20 поени, 9 скокови и 7 асистенции.

ПретходноГалатасарај шампион на Турција по 25-ти пат во историјата и третпат во низа