Ајакс ќе одигра на сигурно, ќе го враќа Ерик Тен Хаг!?

123

Откако ја испушти титулата во домашниот шампионат, на само коло до крајот, тимот на Ајакс реши да прави коренити промени. Актуелниот тренер, Франческо Фриоли си заминува, а управата мора веднаш да одлучи кого носи како замена.

Многу лесно може да се случи, да се појави добро познато лице. Јавноста шпекулира, а може слободно да се каже и дека навива на кормилото на Ајакс да се врати Ерик Тен Хаг.

Тренерот кој постигна огромни успеси со клубот, а потоа замина во Манчестер Јунајтед каде што целата планета виде како помина.

Следните неколку дена со сигурност ќе бидат пресудни по ова прашање.

ФОТО Erik Ten Hag x

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Панче Стојанов (Брера)
СледноЃуровски и Најдоски членови на собранието на ФК Црвена Звезда