Заслужуваат полна сала: Од денеска во продажба билетите за мечот меѓу Алкалоид и АЕК

565

Алкалоид продолжи да пишува историја во ЕХФ Европскиот Куп. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија победи на првото финале против АЕК, на гостински терен славеше со 25-29.

Тренерот Кирил Лазаров и неговите момци ги делат 60. минути до историја и прв европски пехар. За да го сторат тоа ќе им биде потребна максимална поддршка од трибините.

Билетите за реваншот, кој е закажан за 25. мај во СЦ „Борис Трајковски“ од денеска (13 часот) ќе бидат пуштени во продажба преку „МКТикетс“, а цената на билетите ќе биде 200 и 300 денари.


https://www.facebook.com/rkalkaloid/posts/pfbid037xf5mJsUg5QX5RJrTbxpfWSmXjsi9bn1egUHZFFv17Dq4a57v9773zEWctPy2pi7l?rdid=qsqcadeLzDmWl7Ch#

ПретходноГатузо: Му должам извинување на Трајковски бидејќи не играше повеќе
СледноСавовски: Треба да бараме резултат и во Златната лига