Лапорта: Новиот договор со Јамал е завршен, само треба да се ратификува

93
фото: Lamine Yamal Xtra (X)

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта објави дека продолжувањето на договорот со Ламин Јамал е само прашање на денови.

„Тој е гениј кој ја сака Барселона и има пријатели тука. Тој е од генерацијата која поминала низ многу нешта заедно. Тој е извонреден талент, но исто така е тимски играч и се чувствува удобно тука. Исто така, имаме лесна комуникација со Жорже Мендеш, неговиот агент. Продолжувањето на договорот е речиси договорено, сè што останува е ратификација“, рече претседателот на Барселона.

И самиот Јамал во неколку наврати спомена дека својата иднина ја гледа во дресот на каталонскиот клуб.

ПретходноКалин Ивановски: Чест е да се игра пред домашна публика
СледноСити ќе купува десен бек од Бразил