Сега веќе е јасно дека толку беше од престојот на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен, кој ќе биде означен како историски. Имено под водство на шшанскиот стратег, Леверкузен во сезоната 2023/24 за првпат во својата историја ја освои титулата во Бундеслигата. Со него како тренер, Баер урна повеќе рекорди, но сега е време за нови предизвици. Чаби Алонсо својата тренерска кариера ќе ја продолжи во најголемиот клуб во светот, во Реал Мадрид.
Откако изминатиот викенд и официјално заврши сезоната во Бундеслигата, раководството на Леверкузен на своите социјални мрежи на емотивен начин се прости од тренерот кој им донесе толку многу радости:
„Ти благодариме, Чаби“…беше пораката на Леверкузен.
Invincibles, Bundesliga champions, Double winners 😍
Thank you for everything, Xabi! 🖤❤️ pic.twitter.com/nejimtK8Mt
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) May 19, 2025