Леклер после трката во Имола со автомобил вреден 800.000 евра, си купи сендвичи во драјв-ин ресторан! (ВИДЕО)

97

Без разлика што заработуваат тешки милиони, сепак и тие се луѓе кои сакаат понекогаш да се хранат со сендвичи или брза храна купена во некој драјв-ин ресторан.

Тоа вчера по трката во Имола го направи возачот на Ферари, Шарл Леклер. Интересно тој дојде до драјв-ин ресторанот со своето скапоцено Ферари СФ 90 Страдале, кое вреди најмалку 800.000 евра. Си ја зема нарачката како и секој обичен човек, но пред да си замине, се случи она што е вообичаено кога станува збор за познати спортисти и фаци.

Имено сето ова беше по малку неочекувано за присутните фанови и веројатно навивачи на Ферари, кои беа присутни па веднаш побаараа да се направи по некои селфи.

ФОТО: Принтскрин/Х

ПретходноНеверојатно: Младите ракометари на Пелистер Ф4 на ЛШ ќе играат во 9 часот!
СледноПа има ли поубав подарок за 18-тиот роденден: “Десетката“ на Меси и откупна клаузула од милијарда евра! (ФОТО)