Македонија до 18 ќе одигра два контролни натпревари со Словенија

183

Репрезентацијата на Македонија до 18 години кон крајот на Мај ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Словенија.

Контролните средби ќе бидат одиграни во градот Птуј, во Словенија.

Првата контролна пресметка на програмата е на 27. мај со почеток во 17. часот. Два дена подоцна се игра вториот контролен натпревар во 11. часот.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 18 години, Ерхан Селими за претстојните контролни натпревари со Словенија се одлучи да ги повика следните фудбалери, а на него поради повреди не се најдоа Стефан Младеновски и Луан Реџепи.

ГОЛМАНИ:

Давид Илоски   А.П. Брера

Онур Бешир   Шкендија

ОДБРАНА:

Златко Радески   Вардар

Абдулах Аслани   Лунгби   Данска

Горазд Ристовски   Црвена Звезда Србија

Давид Стојаноски   Браво, Словенија

Лука Атанасовски   Беласица

Андреј Мурџески   Вардар

Назиф Цека   Шкендија

Емир Шаботиќ   Вардар

СРЕДЕН РЕД:

Каменчо Андоновски   А.П. Брера

Кренар Хоти   Работнички

Марко Киш   Њу Старс

Ариф Локи   ХБ Коге Данска

Мерт Адеми   Аален Германија

Семир Исљами   Сион, Швајцарија

Бојан Затуроски   Охрид Лихнидос

Адмир Љатифи   Беса

Аритон Мехмед   Шкупи

НАПАД:

Игор Ристов   А.П. Брера

Хисар Али   Беса

Димитар Шаркоски   Победа

 

ПретходноСтојчевски на центарот, Новак Симoвиќ во ВАР собата
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Панче Стојанов (Брера)