Савовски: Треба да бараме резултат и во Златната лига

45

Македонските одбојкари во засилено темпо ги реализираат подготовките за претстојните настапи во Златната лига. Трета година во низа најдобрите македонски одбојкари ќе учествуваат во ова натпреварување.

„Трета по ред година во Златната Европска лига. На кормилото на селекцијата се враќа Јошко Миленкоски што искрено мене ме радува и сигурен сум дека многу значи и за останатите, во оваа сега веќе многу подмладена селекција. Со оглед на тоа дека трета година сме дел од ова натпреварување мислам дека треба повеќе да вложиме и ќе бараме резултат. Што се однесува до квалификациите, тие следуваат потоа. Секако дека преку Златната лига ќе ја темпираме формата и за евро – квалификациите и потоа и таму ќе бараме резултат“, смета средниот блокер на репрезентацијата, Филип Савовски.

Репрезентацијата в петок патува за Марибор, каде на 24 и 25 мај ќе одигра два пријателски натпревари со Хрватска.

ПретходноЗаслужуваат полна сала: Од денеска во продажба билетите за мечот меѓу Алкалоид и АЕК
СледноПоследен меч на клупата на „Олимпико“: Емоционално испраќање на Раниери, човекот кој ја оживеа Рома