Панче Стојанов е стратегот кој на Брера и донесе опстанок во фудбалската елита на Македонија. Кога ја презеде екипата пред неколку кола таа беше речиси во безнадежна ситуација, но Стојанов знаеше што треба да се стори. Во саботата, кога беше најпотребно, тој и неговите избраници славеа победа протов Работнички со 3:2 и со тоа ставија „печат“ на директниот опстанок. Сега се знае и официјално дека фудбалска Струмица и во наредната 2025/26 сезона ќе има прволигаш.
Секако дека Брера оваа пролет, па и цела сезона, се соочи со големи предизвици, но откако Панче Стојанов седна на клупата работите како да тргнаа во вистински правец.
Токму затоа според “СпортСпорт“ тренерот на ова 33.коло е Панче Стојанов.