Алкалоид одбраната на Куп пехарот ја почнува против Вардар 1961

88

Познати се полуфиналните двојки во рамките на Купот на Македонија. Бранителот на трофејот, Алкалоид ќе се сретне со Вардар 1961, додека пак Пелистер го доби домаќинот, ГРК Охрид.

Завршницата во Купот на Македонија ќе се игра во салата „Билјанини извори“, полуфиналните пресметки на програмата се на 31. мај, додека финалето е закажано за 1. јуни.

Во првото полуфинале ќе се сретнат Алкалоид и Вардар 1961 со почеток во 17 часот, додека Пелистер и ГРК Охрид силите ќе ги одмерат во 19:30 часот. Финалната пресметка е во 17:30 часот.

Минатата година, Алкалоид исто играше против Вардар 1961, а потоа во финалето преку Пелистер стигна до својот прв историски трофеј во ова натпреварување.

ПретходноРаботнички и Куманово ја почнуваат битката за АБА2-лига!
СледноАЕК верува во чудо: Разочарани сме, но четирите гола не се недостижна разлика!