Англиска инвазија, 80.000 навивачи патуваат за Билбао по повод финалето во ЛЕ

153

Вистинска инвазија му се случува на шпанскиот град Билбао за утрешниот финален меч од Лигата на Европа помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Атлетик Билбао.

Извештаите велат дека близу 80.000 навивачи од двата тима се упатуваат кон овој град со надеж дека ќе бидат дел од овој спектакл.

Дел од нив веќе имаат обезбедено билети, а дел очигледно одат само за забава.

Според англиските медиуми, многу навивачи се организирале да патуваат со копнен превоз. Со автобуси, автомобили и кампери, за да избегнат скапи летови. Најекстравагантниот пристап е патувањето со вода со патнички ферибот, кое започна од Портсмут во недела навечер и заврши успешно утрово во Билбао.

ПретходноМурињо повторно го прозва Галатасарај
СледноЛука Трпески потпиша професионален договор со Црвена Звезда