Беса и Башкими ќе бијат битка на Чаир, познати се двојките за баражите за пополнување на ВМФЛ!

1436

Во недела на стадионот на Чаир ќе се одигра баражот за пополнување на ПМФЛ и тоа меѓу Беса и Башкими со почеток од 17 часот. Така е денеска одлучено од надлежните во Фудбалската федерација на Македонија. Победникот од овој меч во следната сезона ќе игра во нашата елитна лига.

Исто така со ждрепка извлечени се двојки за бараж мечевите за пополнување на ВМФЛ.

Победниците на овие три средби во следната сезона ќе играат во втората по ранг фудбалска лига во Македонија.

Ова се двојките за во сабота од 17 часот.

Преспа – Слога (В) (Стадион на ФФМ)

Шкендија (А) – Осогово (Градски стадион во Кавадарци)

Тетекс – Г. Коњаре (Стадион во Ѓорче)

ПретходноФФМ ја претстави новата ПУМА топка за Куп финалето
СледноРаботнички и Куманово ја почнуваат битката за АБА2-лига!