Вардар го најави утрешното Куп финале: Клубот чека трофеј во Купот речиси две децении

246

Со почеток од 20:00 часот, утре на Арената Тодор Проески во Скопје се игра финалето од Купот на Македонија во кое се среќаваат екипите на Вардар и Струга Трим Лум.

Секако дека Вардар со оглед на фактот дека овој меч се игра на нашиот најголем стадион ја има речиси улогата на домаќин, и од таа страна има што се вели голема предност. Сепак, тоа е само на хартија, а на терен нешто сосема друго. Вардар ја чека титулата во Купот речиси две децении, по она финале и победа во 2007 година.

„Мојата екипа е подготвена да го даде максимумот. Имаме сериозен ривал кој минатата сезона беше шампион. Вардар долго време го очекува ова финале, наша цел е да го освоиме Купот. Ако играме како во изминатве шест месеци, очекувам трофејот да дојде во нашите витрини. И Вардар и Струга заслужено се во финалето. Очекувам да има полни трибини и на крајот ние сезоната да ја завршиме со трофеј“, изјави тренерот Гоце Седлоски.

Капитенот Горан Закариќ, исто така е свесен за важноста на овој меч, и дека истиот има големо значење.

„Поминаа 18 години од последниот куп-трофеј на Вардар. Мислам дека е дојдено време да го освоиме купот иако знаеме дека воопшто нема да биде лесно бидејќи против себе ќе имаме квалитетен ривал. Сепак, верувам дека со поддршка од нашите навивачи, на крајот ќе се радуваме“, рече Закариќ.

ПретходноПауновиќ со „слатки маки“, има дилеми за финалниот список
СледноСтруга Трим Лум: Сакаме да го победиме Вардар на „стотка“