Капитенот на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, изјави дека најверојатно нема да игра за клубот на Светското клупско првенство.
Де Брујне има договор со Сити до 30 јуни оваа година. Тој претходно објави дека ќе го напушти овој тим на крајот од сезоната, но ФИФА би можела да му дозволи да игра на Светското првенство, како што направи во случајот со Лука Модриќ и Лукас Васкез од Реал Мадрид.
„Мислам дека морам да се грижам за себе на некој начин, бидејќи што да правам ако се повредам на Светското првенство? Никој нема да се грижи за мене во тој момент“, изјави Де Брујне за британски „Атлетик“.
„Постои голема веројатност дека нема да играм, но не знам. Јас сум само играч“, додаде белгискиот интернационалец.