Ивановски загуби од Пољичак на Macedonian Open 2025

62

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да ја мине првата цел на Macedonian Open 2025. Тој загуби од некогашниот јуниорски шампион на Вимблдон, хрватот, Мили Пољичак, со 2:1 по сетови.

На прекрасното време денеска на терените на „Југ“ во Скопје, Ивановски одигра маратонски три часа и на крајот не успеа да победи.

Првиот сет го загуби со 6:4, за да во вториот обезбеди 1:1 преку „тај брејкот“ во кој триумфираше со 5:7.

Сепак, во третиот сет, хрватот инаку клупски колека на Ивановски имаше повеќе концентрација и триумфираше со 6:4.

 

ПретходноЛука Трпески потпиша професионален договор со Црвена Звезда
СледноБелгија во Скопје доаѓа со Куртоа, Де Брујне, Доку, Лукаку, Тросар…