Куманово ја доби првата битка за третото место во плеј-офот против Работнички, откако на гостински терен славеше со 74-79. Серијата подобар во три меча се сели на теренот на кумановци, кој со триумф ќе заверат и директен пласман во АБА2-лига.
Тадиќ со поени беше прв стрелец кај победникот, зад него беше Јанески со 16 и Лукоивќ со 15 поени и 14 скока. Во редовите на поразениот состав Роже имаше 15 поени.
Двата тима одиграа интересен натпревар, победникот се решаваше во последните секунда. Првата четвртина беше најава за тоа, домашните кошаркари ја добија со 23-21, но во следниот период избраниците на Марин Докузовски беа подобри со 19-21 за 42-41 на одморот.
Во третата четвртина, Работнички имаше водство од шест поени (57-51), па 61-56, но Куманово на крилата на Тадиќ и Луковиќ целосно се врати во егал, а веќе во следниот период успеа да одржува минимална позитива. На минута до крајот Петовиќ постигна важна тројка за 74-78, а потоа Луковиќ со едно слободно фрлање зголеми на 74-79, резултат со кој заврши мечот.