Капитенот на Интер и водечкиот стрелец во тимот, Лаутаро Мартинез, ќе игра на последниот натпревар на тимот во Серија А оваа сезона против Комо во петок навечер и се очекува да биде стартер во финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен на 31 мај. Најдобриот играч на „нероаѕурите“ предизвика загриженост кога беше принуден да го напушти теренот на средина од првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона кон крајот на април, а подоцна беше потврдено дека има повреда на мускулот.
Тој не учествуваше на мечот со Верона, но чудесно се опорави за да започне во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, кое Интер го доби со 4:3 против Барселона. Оттогаш Лаутаро ги пропушти последните два натпревари од Серија А.
Според информациите од „Газета дело Спорт“, се очекува Лаутаро да се врати на тренинзите со првиот тим на Интер најдоцна утре, што значи дека би можел да игра против Комо во петок навечер и да му поногне на тимот во битката за Скудетото.