Лука Трпески потпиша професионален договор со Црвена Звезда

190

На само петнаесет години, мега талентот на Црвена Звезда, Лука Трпески потпиша професионален договор со клубот. Момчето кое што веќе две години е во таборот на „Црвено – белите“ и е сврстен во топ дваесетте таленти во инаку мега школата на овој клуб, се обврзуцва на соработка, со која што Црвена Звезда само му дава уште поголемо значење.

„Десетка“ во права смисла на зборот

Трпески одамна и е познат на јавноста во Македонија. Уште како многу мал покажа сериозен потенцијал, кој што го одведе во Црвена Звезда. Сепак, истиот не е препознаен од нашите селектори, кои ете немаат слух за него и не го повикуваат во репрезентацијата на Македонија од било која категорија.

„Голем број клубови беа заинтересирани, но ние сме најголем клуб во регионот и успеавме да го доведеме. Има одлична техника, шут, и се надевам дека ќе го покаже сиот талент во нашиот клуб, и ние ќе имаме бенефит од него“, вели Нјикола Јелиќ, директорот на младинската школа на клубот.

Гаштаров веќе потпиша договор

Претходно, Матеј Гаштаров, нашиот У19 репрезентативец беше првиот кој потпиша договор од цела оваа наша генерација која што во моментов е во Црвена Звезда.

 

ПретходноАнглиска инвазија, 80.000 навивачи патуваат за Билбао по повод финалето во ЛЕ
СледноИвановски загуби од Пољичак на Macedonian Open 2025