Предмалку од страна на ФФМ беше објавен списокот за У21 двомечот кој нашата репрезентација го игра против репрезентацијата на Косово. Селекторот Горан Станиќ се потпре најмногу на домашните сили, со неколку примеси од странство.
Првиот контролен меч ќе биде одигран на 28 мај, со почеток во 19. часот на стадионот Фадиљ Вокри, во Приштина.
Вториот тест дуел со Косово го играме во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, на 31 мај со почеток во 15. часот.
Поради повреда, Дарко Сековски нема да биде во можност да се стави на располаѓање на репрезентацијата на Македонија до 21 година.
Собирот на селекцијата предводена од Горан Станиќ на програмата е на 22. мај, во хотел Парк, со почеток во 12. часот.
Истиот ден, во 17:30 часот ќе биде одработен првиот тренинг, на стадионот „Борис Трајковски” во Маџари.
За нашата селекција ова ќе бидат последни подготовки пред стартот на квалификациите за пласман на ЕП, кои ќе стартуваат во септември.
ГОЛМАНИ:
Васко Василев – Гостивар
Љупче Џеков – Силекс
Славе Вргов – А.П. Брера
ОДБРАНА:
Давид Даилоски – Венло, Холандија
Андрија Димески – Вождовац, Србија
Андреј Аризанковски – А.П. Брера
Анес Мелиќи – Шкендија
Никола Најдовски – Тиквеш
Ѓорге Џеков – Силекс
Марко Стојилевски – А.П. Брера
Нуман Ајетовиќ – Шкупи
СРЕДЕН РЕД:
Матеј Ангелов – Работнички
Ѓорѓи Дошев – Македонија Ѓ.П.
Адриан Зенделовски – Олимпик, Шведска
Теодор Николовски – Работнички
Мартин Ѓоргиевски – А.П. Брера
Никола Манојлов – Работнички
НАПАД:
Димитар Данев – Работнички
Димитар Трајков – Дуго Поље, Хрватска
Матеј Гаштаров – Звезда, Србија
Михаил Талевски – Вардар
Кире Стојанов – Беласица
Хамза Меметриза – Струга Трим Лум