ЕХФ ги објави сите детали за групната фаза на Европското првенство 2026 година. Македонската ракометна репрезентација доби тешка група, ќе игра против светскиот првак Данска и домаќин на континенталното натпреварување, како и против Португалија и Романија.
Дуелот со Данците нашите момци ќе го играат на 16. јануари, во вториот термин од 20:30 часот, додека пак натпреварите со Португалија (18. јануари) и со Романија (20. јануари) се играат во 18 часот.
За потсетување град-домаќин на нашата група е Хернинг, според системот за натпреварување првите две репрезентации од секоја група одат во главната рунда.