Давид Бабунски повеќе нема да биде дел од тимот на Данди Јунајтед. Некогашниот мега талент летово ќе менува уште еден клуб, само плус во редицата на дестинации каде што беше годиниве наназад.
Бабунски се прости од клубот преку социјалните мрежи и му посака на Данди многу среќа во иднина. Секако, заблагодарувајќи се за укажаната шанса, па дури и за капитенската лента во еден момент.
Бабунски и натаму има статус на наш репрезентативец, а ќе видиме каде ќе ја продолжи кариерата наесен.
Досега беше дел од Барселона, Црвена Звезда, Јокохама, Омија, Ботошани, Воторул, Фарул, Мезоковешт, Дебрецен, пред да се пресели во Данди.