На официјалниот прес по повод утрешниот финален меч од Купот на Македонија во кој се среќаваат екипите на Вардар и Струга Трим Лум, Фудбалската федерација на Македонија ја претстави новата топка. Од марката Пума која што заклучно со утрешниот натпревар ќе биде официјалната со која што ќе се игра ПМФЛ шампионатот, како и Куп мечевите.
Оваа официјална топка секако е во насока на целосното ребрендирање на ПМФЛ шампионатот, кој што од следната сезона покрај ВАР системот ќе има и целосна покриеност од најголемата спортска тв мрежа на балканот Арена.