Англискиот стручњак Стивен Џерард е главен кандидат за клупата на шкотски Ренџерс, каде што веќе седеше од 2018 до 2021 година, објави „Дејли меил“.
Според лондонскиот весник, челниците на Ренџерс сакаат да го вратат 44-годишниот Џерард, кој им ја донесе титулата шампион на Шкотска во сезоната 2020/21 во својот прв мандат.
Џерард се приклучи на Астон Вила веднаш по освојувањето на таа титула, но не се снајде добро во клубот од Бирмингем. Слично беше и во „Ал Етифак“ во Саудиска Арабија, каде работеше од летото 2023 година до јануари оваа година.
Во написот на „Мејл“ се истакнува дека по заминувањето на привремениот менаџер Бери Фергусон, клубот сакал поискусен експерт и дека тоа довело до елиминирање на Давиде Анчелоти, синот на тренерот на Реал Мадрид, Карло, од трката.
На крајот, се заклучува дека Џерард би можел да биде назначен за нов-стар менаџер на клубот до крајот на мај или почетокот на јуни.