Аморим: И да го освоиме пехарот од ЛЕ тоа нема да ја спаси сезоната

76
фото: Manchester United (X)

Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим посочи дека освојувањето на Лигата на Европа ќе влијае на иднината на клубот, но нема да ја спаси сезоната. Манчестер Јунајтед утре ќе игра против Тотенхем во финалето на турнирот во Билбао.

„Не мислам дека трофеј од ЛЕ ќе ја спаси сезоната, но тоа ќе ни помогне да ја завршиме сезоната, а многумина ќе гледаат на нашиот тим поинаку, бидејќи освојувањето на Европски куп е навистина важно. Но, повторувам, нашата сезона нема да се промени. Сите знаат дека освојувањето на Лигата на Европа може да ни помогне да стекнеме чувство кое ќе ни помогне да градиме тим за иднината“, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед.

ПретходноКуманово го победи Работнички и направи брејк во Скопје
СледноПостекоглу: Пред вакво финале важно е само како да победите