Во недела на стадионот на Чаир ќе се одигра баражот за пополнување на ПМФЛ и тоа меѓу Беса и Башкими со почеток од 17 часот. Така е денеска одлучено од надлежните во Фудбалската федерација на Македонија. Победникот од овој меч во следната сезона ќе игра во нашата елитна лига.
Исто така со ждрепка извлечени се двојки за бараж мечевите за пополнување на ВМФЛ.
Победниците на овие три средби во следната сезона ќе играат во втората по ранг фудбалска лига во Македонија.
Ова се двојките за во сабота од 17 часот.
Преспа – Слога (В) (Стадион на ФФМ)
Шкендија (А) – Осогово (Градски стадион во Кавадарци)
Тетекс – Г. Коњаре (Стадион во Ѓорче)