Лео Меси не знае ништо за тоа дали ќе има преговори за евентуално продолжување на соработката со Интер Мајами. Се чини дека и тој веќе станува нервозен по се она што се случува со тимот од Флорида кој влезе во голема резултатска и играчка криза. Бадијала добрата форма и головите на најдобриот на сите времиња, кога неговиот тим почна да реди порази.
А се почна блескаво кога Лео дојде на Флорида, но дали по оној болен последен пораз од Орландо со 0:3, Меси најави дека е можно да си замине?
„Дали ќе го обновам договорот? Не, искрено не знам ништо за тоа“ кусо проговори Лео.
Инаку во последно време се почести се најавите дека Меси има пред себе три опции. Едната е да се врати во Аргентина и таму да ја заврши кариерата, втората е да одигра барем уште една сезона во дресот на Барселона, а третата е да ја прифати конечно понудата од С. Арабија вредна 300 милиони евра по сезона.
На потег е Меси.
ФОТО: ФЦ Интер Мајами/ФБ