Екипата на Манчестер Сити ја совлада екипата на Бормут со 3:1 во вечерашниот наторевар од англиската Премиер Лига.
Резултатот го отвори Мармуш со голчиште во 14-тата минута, а во 38-та минута Бернардо Силва го зголеми водството на домаќинот. Во второто полувреме видовме дури два црвени картони, по еден на двете страни. Прво Матео Ковачиќ беше исклучен во 67-та минута, а само 7 минути подоцна Кук му се придружи и исто така доби директен црвен картон. До крајот на натпреварот Нико Гонзалез и Џебисон постигнаа по уште еден погодок за двете екипи.
Во вториот натпревар кој се одигра вечерва Кристал Палас со головите на Нкетиа, Езе и Чилвел триумфираше со 4:2 против екипата на Вулвс за кого стрелаа Агбаду и Ларсен.