НБА казни клучен играч на Оклахома Сити за натпис на маичка

225

Крилото на Оклахома Сити Тандер, Џејлен Вилијамс, е казнет со 25.000 долари од НБА поради носење маица со натпис „За*и уметност, ајде да танцуваме“ за време на прес-конференцијата во неделата, што лигата го нарече вулгарност.

 

За време на прес-конференцијата по решавачкиот седми натпревар од полуфиналето на Западната конференција, во кој Оклахома Сити Тандер ги победија Денвер Нагетс, Вилијамс не проговори ниту еден збор, но раководството на НБА беше вознемирено од натписот на неговиот дрес.

Можевме да најдеме неколку толкувања за овој натпис, а едно од нив вели дека станува збор за прославување на животот преку танцување или некоја друга активност што дава задоволство. И можеби станува збор за инди-поп групата од Хамбург.

Оклахома Сити ќе игра против Минесота Тимбервулвс во финалето на Западната конференција.

ПретходноЗајков си оди од Универзитатеа Крајова, но не и од Романија
СледноЏерард се враќа на местото на успехот