Во таборот на Силекс нема време за чекање, ако се знае дека за овој клуб ова лето ќе биде европско Од денеска за кратовци, за вицешампионот на Македонија започнува преодниот рок. Имено утринава кратовци се пофалија со нови име, и тоа интернационалец од Португалија, Мигуел Пиреш (28). Станува забор за играч од средниот ред а последен клуб му бил Дигенис Акритас од Кипар.
Што се однесува до Силекс, јавна тајна е дека остана без својот прв стрелец и најдобар играч Марко Ѓорѓиевски, кој откако стана најдобар стрелец во ПМФЛ е пред трансфер надвор од Македонија.
Покрај Пиреш, Силекс има намера да се засили со уште два до три нови имиња за што подобар настап во квалификациите во Лигата на Конференции.
ФОТО: ФК Силекс/ФБ