Работнички и Куманово ја почнуваат битката за АБА2-лига!

137

Денеска стартува битката за третото место во плеј-офот, кое носи директен пласман во АБА2-лига следната сезона. За ова утешителна награда ќе се борат Работнички и Куманово, два тима кои зад себе имаат горчливо искуство во полуфиналето.

Работнички со 3-0 беше елиминиран од ТФТ, додека пак Куманово не успеа да дојде до изненадување против актуелниот првак, МЗТ Скопје, исто во полуфиналето беше поразен со максимални 3-0.

Прв предноста на домашен терен ја има Работнички, серија се игра прв до две победи.

Првиот меч стартува вечерва, од 19.часот, ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, каде по една полусезона „црвено-белите“ се враќаат со тренинзи и играње на домашните натпревари.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ДОИГРУВАЊЕ

20.MAJ (ВТОРНИК)

19.00: Работнички – МКК Куманово

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/MtX2Eapqhj4?si=7w84UvPZh0n9J9Fo

ПретходноБеса и Башкими ќе бијат битка на Чаир, познати се двојките за баражите за пополнување на ВМФЛ!
СледноАлкалоид одбраната на Куп пехарот ја почнува против Вардар 1961