Екипата на Баскет Кам е нов-стар шампион на Македонија во женска сениорска конкуренција.
Девојките од Македонска Каменица беа подобри од својот противник во големото финале, екипата на Крива Паланка. По двете домашни победи, вечерва стигнаа и до првата на гостински терен со 49-67 за максимални (3-0) во финалната серија на плеј-офот. За Баскет Кам ова четвртта по ред титула по ред.
Ивана Кметовска постигна 28 поени кај шампионот и сосема заслужено беше прогласена за МВП. Димова ја следеше со 16, додека капитенот Поп-Димитровска имаше десет реализаци во клучниот меч од серијата. Кај Крива Паланка, Робинсон постигна 23 поени.