ЛЕ финале:Тотенхем го победи Јунајтед во Билбао и ќе игра во ЛШ!

263

Катастрофалната сезона на Манчестер Јунајтед заврши со катастрофален крај. Вечерва во финалето во Лигата на Европа, четата на Рубен Аморим на „Сан Мамеш“ во Билбао беше поразена од Тотенхем, во тој англиски дуел со 0:1.

Ова значи дека Манчестер Јунајтед не само што остана без посакуваниот пехар, туку и без настап во Лигата на Шампионите за следната сезона. Се она што не му успеа на Јунајтед, му успеа на Тотенхем, на составот на стратегот Постекоглу кој успеа да ја спаси колку – толку сезоната со овој трофеј во второто европско натпреварување во Европа и посебно со тоа дека се избори за настап во Лигата на Шампионите.

Да кажеме дека стрелец на победничкиот гол беше Брена Џонсон во 42.минута за голема и еуфорична радост кај фановите на “спарси“.

ПретходноНајтрофејниот слави:Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ му го предаде пехарот на Вардар! (ФОТО)
СледноВеќе нема дилеми: Шеј го победи Јокиќ во трката за МВП признанието