Седлоски: Овие момци се вистински фраери! Вардар има посебна „армија“

530

Гоце Седлоски е петтиот тренер кој успеал да го води Вардар до трофеј во Купот на Македонија. Вечерва „црвено-црните“ во финалето доминираа против Струга Трим Лум и на крајот сосема заслужено славеа со 2-0.

Сакам да им честитам на моите играчи, но и на играчите на Струга Трим Лум за фер и коректниот меч. Засужено победивме, момците тактички исполнија сето она што го договоривме пред овој натпревар. Оваа екипа заслужува многу повеќе. Овие момци се една посебна „армија“, вакви фраери нема.

Знаете каде беше Вардар пред шест месеци. Оваа полусезона секој меч беше финале, имаме време, прво да се одмориме, па ќе размислуваме за Конференциската лига, ќе се засилуваме. Вардар заслужува повеќе. Со повеќе засилувања може да направи повеќе“, изјави Гоце Седлоски после финалето. 

ПретходноСупер Талевски, МАГИЧЕН Вардар – Купот конечно е “црвено – црн“!
СледноЃорѓиоски: Честитки до Вардар – ги искористија своите шанси!