Тренерот на Колстад, Кристијан Берге не го дочека крајот на финалниот меч против Елверум во рамките на норвешкиот шампионат. Тој мораше да ја напушти арената поради здравствени проблеми.
Според информациите на ТВ2 Norge тој е свесен и е на пат кон болница на преглед.
Ракометарите на Колстад го доиграа мечот и дојдоа до втора победа против Елверум од 31-28 и со тоа ја освоија шампионската титула во Норвешка.