Георгиевски и Георгиев со две годишна забрана за вршење на функција во фудбалот

561

Дисциплинската комисија при Фудбалската Федерација на Македонија на својата седница донесе одлуки, од кои што дел се однесуваат на спорниот дуел помеѓу екипите на Кожуф и Башкими во рамките од ПМФЛ шампионатот.

Истите се однесуваат на тренерот на Кожуф, Славчо Георгиевски како и на техничкиот директор на клубот Пепи Георгиев.

И обајцата се суспендирани на по две години забрана за вршење на било каква функција во фудбалот.

Целокупниот извештај од седницата на Дисциплинската комисија и сите одлуки донесени донесени на истата ви ги пренесуваме во целост:

Забрани за извршување функција:

–  Славчо Георгиевски, тренер на ФК Кожуф – забрана за вршење на функција во времетраење од 2 години;

–  Пепи Георгиев, технички директор на ФК Кожуф – забрана за вршење на функција во времетраење од 2 години;

Забрани за настап:

–  Енес Дервиши (ФК Гостивар) – забрана за настап на натпревари во времетраење од 1 месец;

–  Фабрице Тамба (ФК Шкендија) – забрана за настап на 1 натпревар;

–  Димитриј Попоски (ФК Брегалница) – забрана за настап на 1 натпревар;

–  Дамјан Серафимов (ФК Брегалница) – забрана за настап на 2 натпревари;

Поведени постапки:

–  Против ФК Шкендија АД, поради користење пиротехнички средства на натпреварот ФК Шкендија – ФК Силекс;

–  Против ФК Македонија ЃП, поради користење пиротехнички средства на натпреварот ФК Македонија ЃП – ФК Беласица;

–  Против ФК Кожуф, поради прикривање и нерегуларности на натпреварот ФК Кожуф – ФК Башкими. Од истата причина, веќе е поведена постапка против ФК Башкими;

–  Против Фетахи Фуркан, комесар за безбедност на ФК Башкими;

–  Против Кирил Стојков, поради добиен црвен картон на натпреварот ФК Кожуф – ФК Новаци;

–  Против играчи на ФК Кожуф (К.С.Ј.П.Б.К.Д.Б.) – за прикривање информации поврзани со натпреварот ФК Кожуф – ФК Башкими;

 

Исклучување од фудбалската организација:

Цане Милошески, претседател на ОФС Охрид и Никола Цветкоски, секретар на ОФС Охридсе исклучуваат од фудбалската организација и им се забранува вршење на каква било функција поврзана со фудбалот.

Одлуката е донесена по темелна постапка и претходни сознанија од одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластените службени лица од ОФС Охрид.

Извршена измама и доведување во заблуда,давање лажни, неточни и непотполни податоци во Комет системот (увидот во Комет системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите), фалсификување записници за натпревари кои не се одиграни, измислена комплетна „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид, односно натпреварување кое не постои.

 

Претходно32.финале во Купот: Седло во своето прво финале, Илчо во очекување на првиот трофеј!
СледноМилан тајно се надева дека ќе го добие Италијано, Болоња денеска ќе му понуди нов договор