ГРК Тиквеш повторно победнички против Бутел

65
Фото: ГРК Тиквеш/Фејсбук

Екипата на ГРК Тиквеш ја запиша втората победа во плеј-офот, и повторно против Бутел Скопје. Овој пат полесно од очекувањата, на гостински терен славеше со 25-19 во меч од осмото коло.

Кривокапиќ со осум гола и Обинна со шест беа лидери кај победникот, во редовите на поразениот состав Николов имаше осум гола.

Избраниците на Горан Кузманоски одлично го почнаа мечот, отворија со 6-1, водеа и со шест гола разлика (8-2), но некаде на средината на првото полувреме почнаа да ја губат контролата. По 13-10, противникот со серија од 7-0 направи пресврт, на стартот на вториот дел водеше со 13-17.

Кавадарчани не застанаа, напротив, го користеа секој момент да дојдат до што поголема разлика, водеа со 18-23 и 19-24. На другата страна Бутел Скопје не најде начин да одговори на оваа игра, беше поразен со.

ПретходноЛапорта го сака за следната сезона, но стигна ладен туш: И мене ми се допаѓа Јамал, па ништо
СледноНовак експресно во следната рунда во Женева!